На денешниот општински натпревар “ДЕТСКИ СЕМАФОР 2021″ со цел за јакнење на свеста за сообраќајна култура и безбедно учество во сообраќајот, учествуваше и ученик од нашето училиште ООУ ,,Карпош” с.Умин Дол. Нашето училиште го претстави ученикот Ѓорѓе Анѓеловиќ од осмо одделение под менторство на професор Луција Савевска, како најдобар поединец за возење на велосипед и освои второ место на ниво на сите основни училишта на Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.