Одржан шаховски натпревар под мото “Безбедно лето за сите деца”

На ден, 16.08.2023, општинскиот совет за превенција на детско престапништво и Отсекот за превенција при СВР, со поддршка од ГШК Куманово, организираа шаховски натпревар за основните и средните училишта од нашата општина во рамки на проектот “Безбедно лето за сите деца”.

Натпреварот има за цел децата и младите да се ориентираат кон позитивни трендови на меѓусебна забава, дружење и игра, а подалеку од девијатните однесувања и лоши влијанија, истакна инспекторката по превенција Лиле Младеновска, а воедно и претседател на Советот. Спортските активности се одржаа на отворено, на плато пред НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово.

На овој шаховски натпревар учествуваше и нашето училиште со тројца представници и тоа: Милица Петковска, Немања Арсиќ и Андреј Цветковски, под менторство на проф. Драган Ангеловски.

Нашиот ученик Немања Арсиќ со своите вештини и знаење се истакна пред другите со освоено второ место.

Честитки!