Одржан натпревар под мото “Научи за булинг, прекршок и кривично дело”

На 16.11.2024 и на 23.11.2024 година, ученици од VIII и IX одделение, учествуваа на Општински натпревар на основни училишта под мото “Научи за булинг, прекршок и кривично дело” во организација на Превенција и ОСПДП, под менторство на професорките Маринела Јакимовска и Сања Божиновска Митевска. Учениците имаа можност да ги тестираат своите знаења од полето на историја, географија, етика, граѓанско образование. Во финале, на 30.11.2024 година, влегоа 5 наши ученички, од кои 2 се бореа до самиот крај и се здобија со благодарници и симболични награди.