Одржан ликовен натпревар под мото „Безбедно лето за сите деца”

Отсек за Превенција од СВР Куманово и Општинскиот совет за Превенција на Детско престапништво, денеска организираа Ликовен натпревар за основни училишта, за деца од IV, V и VI одделение, под мото „Безбедно лето за сите деца”.

Учество земаа 15 основни училишта, како и нашето училиште кое беше дел од него со двајца ученика и нивниот ментор, професори, членови на ОСПДП, а цел на ваквите активности е да ги вклучиме нашите деца во игра, забава, меѓусебни дружења, почитување на различности и на тој начин да раснат, да се школуваат и живеат во безбедна заедница, истакна Сам.Инспектор по Превенција од СВР Куманово, М-р Лиле Младеновска, воедно и Претседател на ОСПДП.

Ви благодариме на поканата, ни беше задоволство да учествуваме.