Одржани еднодневен излет и екскурзија

Денес, 03.10.2023, во склоп на Детската недела, се одржа еднодневен излет на учениците од I до IV одделение од Умин Дол со нивните одделенски раководители и ученици од I до III одделение од Љубодраг со нивните одделенски раководители. Излетот беше во дворот на ПУ с.Љубодраг. Додека пак учениците од IV до IX одделение заедно со нивните одделенски и класни раководители беа во посета на Скопје, зоолошката градина и градскиот парк.