Во текот на месец април и мај во нашето училиште се одржаа повеќе од 20 Вело работилници со учениците од IV, V и VI одделение, под менторство на професорката по информатика и техничко образование Елена Додевска и професорот по физичко и здравствено образование Сашо Божиновски. Зголемена свест на учениците, повеќе деца на велосипед, деца кои ги имаат потребните вештини за управување на велосипед, но и деца кои ги знаат и почитуваат сообраќајните правила… Ова се само мал дел од придобивките на овие Вело Работилници.
Како дел од една посветена мрежа, на основните училишта низ Македонија им е овозможено да организираат и спроведуваат активности за промовирање на велосипедизмот до и од училиште, како и безбедноста во сообраќајот. Програмата “Вело училишта” се базира на пристапот за промена на однесувањето, кој се применува во проектите за европска одржливост на мобилноста преку препознавање на училиштата кои успешно имплементираат активности поврзани со темата велосипедизам.
Во рамките на програмата се организираат локални работилници, за сите училишта кои учествуваат, вклучувајќи го и нашето, за да се обезбедат подетални информации за истата. Покрај тоа, овие работилници обезбедуваат одличен начин за генерирање на мрежа меѓу училиштата што им овозможува да ги споделат искуствата и идеите за најдобри практики.
Оваа активност е реализирана во рамки на активностите на Здружение на граѓани Еко Логик и „Вело Училишта“.