Денес, 22.12.2022, во просториите на Занаетчиски дом-Куманово се одржа јавна научна трибина – историски час – изложба на тема “Борбено и слободарско Куманово”.
Со овие настани се одбележува антифашистичкото минато на градот Куманово, кој е запаметен како град првоборец, симбол на НОБ, стремежот за слобода и самостојна македонска држава, како и град на народни херои од НОБ.
Учество на оваа манифестација зедоа учениците од IX одделение заедно со нивната професорка Маринела Јакимовска, на која читаа и презентираа свои истражувања поврзани со Народноослободителната борба.