Денес, 01.12.2022, на третиот ден од активностите по повод Патрониот празник на нашето училиште ООУ Карпош с. Умин Дол беше одржана ликовна колонија на која учествуваа ученици од прво до петто одделение на тема “Патуваме – сонуваме”. Учесниците твореа во различни техники и создадоа прекрасни цртежи.



Поголемите ученици, од шесто до деветто одделение, учествуваа во ликовната работилница. Гости на оваа ликовна работилница беа ученици од нашето партнер училиште ООУ “Битолски Конгрес” с. Лопате, заедно со нивниот наставник.
Сите учесници твореа во техника пуринг на платно и изработија повеќе дела кои во иднина ќе го красат нашето училиште.
Одговорен ментор на оваа работилница беше наставничката по ликовно образование Елена Спасовска Радошевиќ.

















