Денес, 20.11.2023, се одбележува Светскиот ден на детето, по тој повод на Плоштадот во Куманово беше организирана манифестација од страна на Отсек за превенција и Општински совет за детско престапништво со цел одбележување на овој ден.
Децата им делеа пораки на возрасните под мотото “Мојот безбеден убав град”, а најголемо изненадување и нивно огромно задоволство беа ликовите од нивните омилени цртани филмови со кои се дружеа, играа и заедно делеа пораки кои беа изработени од вештите рачиња на децата со помош на нивните ментори од сите основни училишта.