Одбележан Патронен празник на ООУ ,,Карпош” с.Умин Дол – Куманово

На ден 02.12.2021 година во ООУ ,,Карпош” с. Умин Дол и во ПУ с.Љубодраг од Куманово беше одбележан патронатот на училиштето, под мотото ,,Сонцето сите исто не грее!”. По тој повод изминатите денови беа реализирани повеќе активности од страна на учениците од нашето училиште. Учениците несебично го вложија својот труд и младешки потенцијал во реализација на активностите. На манифестацијата наставниците кои веќе неколку години се дел од училишетото беа наградени со плакети и пофалници за учество и придонес во образовниот процес.Честитки и пофалба до учениците за прекрасната подготвена програма, како и за дирекотрката на училишетото и вработените.