Одбележан меѓународниот Ден без автомобили во нашето училиште

По повод 22 Септември – меѓународниот Ден без автомобили и завршувањето на Европската недела на мобилност (ЕНМ), во училишниот двор на ООУ Карпош с. Умин Дол, учениците од истото заедно со своите ментори(Сашо Божиновски, Луција Савевска и Елена Додевска) зедоа учество на успешно завршениот проект.

Европската недела на мобилност се одржа од 16-22 септември, во која се промовираат и комбинираат алтернативните, одржливите и заедничките форми на транспорт, како начин да се намали употребата на автомобили и да се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот, со што би се остварила визијата на европската стратегија за декарбонизација.

Очекуван резултат од програмата е зголемена свест на учениците, родителите, наставниците и општинските власти за придобивките од користењето на велосипедите како алтернатива за секојдневните транспортни средства, но исто така и знаење за потребите во поглед на патната инфраструктура и безбедноста.

Главната цел на програмата е да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија.

Учество во овие активности, зедоа 15 ученици, од кои првата активност им беше возење слалом или престрој помеѓу сообраќајни конуси. Оваа активност им помага на децата во развивање на својата контрола, баланс и координација.Следна активност им беше возење во сообраќај, односно во близина на училиштето, со што децата се запознаени со сообраќајните знаци и исто така со сообраќајната сигнализација. Со оваа активност децата се запознаваат и стануваат посвесни за нивното учество во сообраќајот, нивната безбедност и безбедноста на другите.

Оваа активност е реализирана во рамки на активностите на Здружение на граѓани Еко Логик и „Вело Училишта“.