ООУ „ Карпош “ с. Умин Дол, со ПУ во с. Љубодраг – Куманово, објавува оглас за упис на првачиња за учебната 2023/2024 година.
Почитувани родители / старатели, Ве известиваме дека уписот на првачиња во учебната 2023 / 2024 год. ќе започне од 03 мај, а ќе трае до 31 мај 2023 година.
Потребни документи :
- Извод од матична книга на родените (оригинал)
- Лична карта на родителот / старателот
- Потврда за примени задолжителни вакцини
- Потврда од извршен офтамолошки преглед
- Потврда од извршен стоматолошки преглед
При запишување на дете со попреченост потребно е да се достави и мислење од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Во оваа учебна година ќе бидат запишани ученици кои се родени во 2017 година, но и деца кои до 31.01.2024 година ќе наполнат 6 години, со барање на родител/старател, а ќе добијат одобрение од психолог.
Присуството на детето е задолжително во придружба на еден родител.
СРЕЌНО ПРВАЧИЊА!