Обележан 21 -ви март Денот на екологијата

Денес, 21.03.2023, се одбележа Денот на екологијата. Нашите ученици од I до V одделение заедно со нивните одделенски раководители активно се вклучија во нејзиното одбележување преку изработка на еко пораки кои го закитија дворот, со што ќе бидат потсетник секојдневно. Исто така се изработија прекрасни ликовни и литературни творби на тема екологија.

Додека пак учениците од VI до IX одделение, имаа низа активности како собирање на сметот во училишниот двор и чистење на училниците, како потсетување дека со одржување на нашето опкружување ја чуваме и планетата Земја.