Натпревар по математика

На Општинскиот натпревар по математика одржан на 19.02.2022 година учество зедоа и учениците од ООУ ,,Карпош” с.Умин Дол од Куманово и тоа под менторство на проф. Луција Савевска. Нашата ученичка од деветто одделение Анѓела Арсиќ освои трета награда, додека пак Анѓела Арсиќ од деветто одделение и Анѓела Цветковиќ од осмо одделение продолжуваат на Регионалниот натпревар.

Многу успех понатаму и честитки до сите ученици што се натпреваруваа!