Награди по повод 24 мај – денот на сесловенските просветители

Во пресрет на 24 мај, ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во Европската куќа Крива Паланка беа доделени наградите за најуспешните творби од националниот конкурс „За буквите… по вашите стапки чекориме”. Во категоријата од четврто до шесто одделение нашата ученичка од шесто одделение, Андреа Арсовска, го освои второто место, а во категоријата од седмо до деветто одделение, Меланија Арсовска од седмо одделение го освои првото место.

Честитки за наградените!