„Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во периодот од 15 октомври до 15 ноември и во дел од училиштата и општините од државата со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците. Наставниците по мајчин јазик, одделенските наставници или библиотекарите од училишната или најблиската градска библиотека се лицата задолжени за организација на овие настани.
По тој повод на овогодинешната манифестација, нашите ученици заедно со нивниот ментор Катерина Д. Арсеновска учествуваа на литературниот натпревар кој го организираше Библиотеката ” Тане Георгиевски” Куманово.
Учениците својата креативност ја покажаа творејќи на темата “Една ноќ во Библиотеката” и освоија две награди: трето место за проза – Александра Петковска и трето место за поезија – Бисера Добривојевска.
Честитки за наградените ученици!