Литературно читање по повод празникот 11- Октомври

По повод одбележувањето на празникот 11- Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот, покрај повеќето активности кои се одржаа во нашето училиште, една од нив беше и Литературното читање. Оваа активност се одржа во просториите на училиштето под менторство на професорките Катерина Д. Арсеновска и Викторија Стојановиќ Спасовска. Учество земаа учениците од VI до IX одделение кои се претставија со свои лични творби, а беа рецитирани и песни од познати автори на македонски и англиски јазик.