Ликовна колонија по повод празникот 11-ти октомври

По повод 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот, во нашето училиште се одржаа бројни активности, меѓу кои една од нив беше и Ликовната колонија во која учествуваа учениците од одделенска и предметна настава под менторство на нивните одделенски раководители и професорката по ликовно. Учениците со боја и хартија им оддадоа почит на паднатите борци во борбата за слобода на македонскиот народ.