По повод 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот, во нашето училиште се одржаа бројни активности, меѓу кои една од нив беше и Ликовната колонија под менторство на Елена Спасовска Радосевиќ, Сања Божиновска и Луција Савевска.
На оваа Ликовна колонија учествуваа учениците од VI до IX одделение, кои со боја и хартија им оддадоа почит на паднатите борци во борбата за слобода на македонскиот народ.





