Во текот на изминатата недела во склоп на многуте активности кои се одржаа по повод патрониот празник на нашето училиште, на ден 28.11.2024 година се одржа ликовна колонија. Ученици од прво до деветто одделение твореа во подрачјето скулптура и изработија прекрасни дела кои ке ги красат просториите на училиштето.
Ликовната колонија беше организирана од наставникот Елена Спасовска Радошевиќ, а делата ке бидат изложени во холот на училиштето за време на патронатот.