Почитувани родители/старатели, Ве известуваме дека уписот во учебната 2022/2023 година ќе започне на 01.05.2022 до 31.05.2022 година
Законски обврзници за запишување во прво одделение се деца кои се родени 2016 година (од 01.01.2016 до 31.12.2016) но и деца родени најдоцна до 31.01.2017 година по претходно писмено барање од родител и добиено позитивно мислење од училишниот психолог.
При уписот во прво одделение покрај присуство на детето, родителите се должни да ги достават следниве документи:
1. Извод од матична книга на родените (независно од датумот на издавање, може и фотокопија)
2. Потврда за примени задолжителни вакцини (издадена од надлежна здравствената установа)
3. Потврда од извршен офталмолошки и стоматолошки преглед (издадени од надлежни здравствени установи)