Известување за запишување на ученици во прво одделение

Известување Врз основа на член 60 од Законот за основно образование ( Сл.весник бр.161/19) ООУ „ Карпош “ с. Умин Дол, со ПУ во с. Љубодраг – Куманово ги известува родителите дека од 03.05.2022 до 31.05.2022 година ќе спроведе упис на ученици за прво одделение. Право за запишување во прво одделение имаат: деца родени од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година и деца родени од 01.01 до 31 јануари 2017 година кои ќе наполнат 6 години а по барање на родител и со добиено мислење од стручни соработници од училиштето. За запишување во прво одделение потребни се следниве документи:

1. Лична карта од родител на увид;

2. Извод од матична книга на родените за детето (копија);

3. Врз основа на член 60 став 2 при запишување на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави: потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа; потврда од стоматолошки преглед од надлежна здравствена установа; потврда од офталмолошки преглед од надлежна здравствена установа;

4. Врз основа на член 61 став 3 за запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ;

5. За запишување на дете кое ќе наполни 6 години до 31 јануари 2022 година потребно е претходно родителот да поднесе писмено барање за запишување во училиштето и по добиено мислење од стручните соработници.

Со почит, Комисија за запишување на ученици во прво одделение