Игри без граници “Децата и полицијата”

На ден 21.10.2023, беа одржани Игри без граници под мотото “Децата и полицијата” во организација на Отсек за превенција од СВР Куманово и општински Совет за превенција на Детско престапништво. Оваа организација на Игри без граници беше наменета за сите основни училишта под мотото “Децата и полицијата”, а беа опфатени учениците од I до III одделение. Денот помина со многу игра, дружење, забава низ игрите кои беа организирани во повеќе дисциплини. По завршувањето на игрите на децата им беа доделени благодарници за учество и успешна активност.