“Здрава храна за детство без мана”

По повод Неделата на здрава исхрана, заклучно со 16-ти октомври  „Меѓународен ден на здрава храна“, денес во нашето училиште во Умин Дол и во ПУ Љубодраг вклучувајќи ги учениците од I до IX одделение, со зеденички оброк на големиот одмор под мотото “Здрава храна за детство без мана”, пригодно беше обележан во училишните простории заедно со одделенските наставници и наставниците од предметна настава. Сите ученици си донесоа здрав оброк, припремен со помош на нивните родители, кои потоа заеднички седнаа, уживаа во вкусовие на здравата храна и разговараа за важноста на истата.

Здравата исхрана е од клучно значење за растот и развојот на децата и нормално стекнување на навики кои ќе ги следат и во иднина.