На 29.09.2022 во ООУ “Карпош” с. Умин Дол Куманово, беше реализирана средба помеѓу Милутин Станчиќ од СПОНА- Српски културно информативни центар и директорката Тања Тодоровска. Од страна на претставникот на СПОНА, Милутин Станчиќ беа подарени книги кои ќе ги збогатат полиците на училишната библиотека, со што учениците ќе можат да уживаат читајќи ги истите.
Воедно, на оваа средба беше разговарано и за заеднички проекти и активности во иднина.
