Започна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, во реализација на Министерството за култура и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Првите јаболка од проектот веќе ги добија учениците во училиштата во општина Центар во Скопје, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022.
Со овој проект се обезбедува здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта. Исто така се поттикнуваат здравите навики на учениците да консумираат свежо овошје, со што се зајакнува нивниот имунитет и се подобрува физичката и менталната енергија.
Денес, 05.12.2022, пристигнаа јаболка и во нашето училиште, со што се обезбеди свежа и здава ужинка за сите дечиња!