,,Заедно за граѓаните”

Во организација на СВР Куманово и Општински совет за превенција на детско преставништво Куманово, на 8 септември, традиционално, по седми пат се одржа манифестацијата ,,Заедно за граѓаните”, чија цел беше граѓаните одблиску да се запознаат со работата на институциите кои се први во помош и заштита и да се охрабрат во градење доверба и подобра комуникација.

Меѓу другите, на оваа манифестација учествуваше и нашата ученичка Анѓела Арсиќ од IX одделение која се претстави со својата литературна творба.