Забрана за користење мобилни телефони во текот на наставата

logo karpos

Известување до сите ученици на нашето училиште ООУ Карпош с. Умин Дол со ПУ с. Љубодраг Куманово

Согласно законот за настава на Министерството за образование и наука, едногласната одлука на Советот на родители и Училишниот одбор на ООУ Карпош с. Умин Дол Куманово, се известуваат сите ученици од прво до деветто одделение дека, денес, 04.09.2023 година стапува на сила апсолутна забрана за користење на мобилни телефони во текот на наставата, вклучувајќи и одмори.

Секој родител ќе има број од одделенскиот раководотел, за потребата на секој ученик.

Напомена!

Сите телефони кои ќе бидат затекнати во училишните простории, ќе бидат запленети и нема да бидат вратени до крајот на учебната година!

Со почит,

ООУ Карпош с. Умин Дол Куманово