На 15.02.2023 година (вторник), учениците од I до IX одделение заедно со своите одделенски и класни раководители од ООУ “Карпош” с. Умин Дол со ПУ во с. Љубодраг, реализираа еднодневна екскурзија до Пониква, Осоговски Планини.
Пониква е мал туристички центар и викенд-населба во источна Македонија, 20 км северно од Кочани, на Осоговските Планини. Нејзината убавина е рај за очи и душа и одлична дестинација за зимска забава. Затоа учениците имаа можност да уживаат и да се забавуваат на снежната идила, февруарското сонце и чистиот планински воздух.