На 12.12.2022 година, учениците од VII, VIII и IX одделение од ООУ “Карпош” с. Умин Дол, Куманово, заедно со своите предметни наставници Маринела Јакимовска – професор по историја и Стефан Стојмановски – професор по музичко образование, реализираа еднодневна екскурзија во Скопје.
Учениците имаа можност да го посетат Собранието на Република Македонија, Музеј на Македонската борба и Институт за фолклор “Марко Цепенков”, каде што слушнаа нови работи, и се стекнаа со нови знаења.






