Детски поетски фестивал „Мајски цвет 2022“

Нашите ученички, Анѓела Арсиќ од IX одд. и Бисера Добривојевска од  VIII одд., учествуваа на 47 издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет 2022“ којшто се одржа во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани. На конкурсот тие се претставија со песни на слободна тема, а песната на Анѓела Арсиќ, под наслов „Ајде да се сакаме“, влезе во петте пофалени поетски творби на фестивалот.

На манифестацијата учествуваа ученици од повеќе основни училишта, а нивните творби се објавени во Билтен кој им беше поделен на сите учесници и ментори.