Денес, 13.06.2023 година, во нашето училиште, во организација на Општински совет за детско престапништво и отсек за превенција на СВР Куманово, се одржа манифестација посветена на учениците кои завршуваат деветто одделение. Многу музика, ора, песни, литератруни изведби, рецитали. На успешните ученици, кои дадоа посебен придонес во училишните активности, им беа доделени признанија. На овој настан покрај нашите уценици, беа присутни и ученици од други училишта, родители, наставници, Совет на родители и членови на Општински совет за превенција на детско престапништво.
Со оваа манифестација го обележуваме крајот на оваа учебна година и крајот на ова поглавје за учениците од деветто одделение, со што им посакуваме многу успеси во иднина и да чекорат храбро кон остварувањето на нивните соништа!
СРЕЌНО ПОЛУМАТУРАНТИ!