ДОВИДУВАЊЕ ПОЛУМАТУРАНТИ!

 На 17.06.2024 година, во нашето училиште се одржа манифестација посветена на учениците кои завршуваат деветто одделение. Многу музика, песни, литератруни изведби, рецитали. На успешните ученици, кои дадоа посебен придонес во училишните активности, им беа доделени признанија, беше прогласен ученикот на генерација Сара Стефановиќ, Пофален ученик Мелани Ангеловска, пофалница за истакант спортист Андреј Цветковски и пофалница за истакнат ликовен уметник Александра Петковска.

Со оваа манифестација го обележуваме крајот на оваа учебна година и крајот на ова поглавје за учениците од деветто одделение, со што им посакуваме многу успеси во иднина и да чекорат храбро кон остварувањето на нивните соништа!

СРЕЌНО ПОЛУМАТУРАНТИ!