Дипломи и награди на најдобрите ученици-првенци на генерацијата за учебната 2020/2021 година

Денеска во Занаетчиски Дом – Куманово, по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, од страна на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски беа доделени дипломи и награди на најдобрите ученици-првенци на генерацијата за учебната 2020/2021 година. Со награда се здобија 31 ученик, од кои 28 од основните и средните училишта и 3 од општина Старо Нагоричане.

Чест и задоволство ни е што со ваква диплома и награда се здоби и нашата ученичка Бојана Ваљавичарска првенец на генрацијата под менторство на одделенскиот раководител Катерина Д. Арсеноска од ООУ Карпош – с.Умин Дол, на која исто така во присуство на наставници, одделенски раководители и директори на основните и средните училишта и беа доделени диплома и награда за најдобар ученик од генерацијата 2020/2021 година.