Врачени благодарници на оние кои подпомогнаа и беа дел од свеченото отварање на училиштето

На првиот училишен ден, во нашето училиште ООУ Карпош с.Умин Дол,на кој воедно се одржа свечена манифестација по повод завршената реконструкција на училишната зграда, присуствуваа градоначалникот и секретарот на Општина Куманово, претседателка на Совет на Општината, раководител на Сектор за образование и останати претставници од општинска администрација, директори на училишта, јавни претпријатија. Имаше и претставници од МВР, од тппе Куманово, како и од МОН.

Овој настан немаше да го добие целосниот изглед, ако не беа: Brooklyn Bar & Kitchen, Слаткарница Зафир, Визиана, Месна индустрија Гроздановски, Бучен Козјак и Махагони. За нивната помош и придонес при свеченото отварање, им беа врачени благодарници, од старана на директорката на нашето училиште, Тања Тодоровска.