Во рамки на одбележувањето на Денот на Свети Сава,27.01.2023, националниот празник на Србите кои живеат во Македонија, денеска во нашето училиште, беа во посета високи државни претставници од Република Србија, Потпретседателот на Влада и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ со неговата делегација и амбасадор на Р Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ. Исто така, присуствуваа и градоначалникот и секретарот на Општина Куманово, претседателка на Совет на Општината, раководител на Сектор за образование и останати претставници од општинска администрација.
Учениците заедно со своите наставници приредија пригодна културно – уметничка програма, збогатена со музичка точка која бече изведена од училишниот хор во духот на православниот просветител и закрилник на српскиот народ, Св.Сава, литературно читање и рецитирање.
На задоволство на учениците и нивните наставници гостите присуствуваа на наставен час, каде имаа прилика да се запознаат и дружат со учениците кои посетуваат настава по предметот “Jезик и култура Срба”.
Како домаќини на оваа посета, изразуваме огромна благодарност за сите кои придонесоа пречекот да биде на највисоко ниво, родителите за соработката и изготвување на домашна и традиционална храна. Благодарност до Brooklyn Bar & Kitchen, Училница Bar & Kitchen, Бучен Козјак и Гроздановски за соработката. И благодарност до сите вработени во нашето училиште за неуморните залагања, соработка и подготовки.