На 11-ти ноември 2022 Општина Куманово одбележуа 78 години од ослободувањето на градот. По тој повод во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”се одржа Свечена седница на Општината, каде беа доделени и Ноемвриските награди.
Градоначалникот Димитриевски и претседателката на Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија Невена Величковска доделија Ноемвриска награда на истакнати поединци и правни лица.
Градоначалникот од свое лично име додели благодарници и плакети на поединци и правни лица, кои дале свој придонес за развивање на Куамново во различни општествени области. Со благодарница се закити и нашето училиште предводено од директорката Тања Тодоровска. Оваа Ноемвриска награда ќе биде мотив за уште поголеми понатамошни успеси.
Честитки!