Секоја година првата седмица од месец октомври се посветува на децата, а оваа година во нашето училиште по повод одбележување на Детската недела се одржаа низа активности:цртање, творење, пишување.
Активностите беа изведувани во училиштето и училишниот двор, под менторство на одделенските наставници.
Децата се непроценливо богатство, тие се нашата иднина и најзначајна инвестиција. Секое дете треба да расте безгрижно, во мир, опкружено со љубов, заштитено и згрижено. А тоа најдобро се гледа по насмевката на нивните лица.